За нас

Почитувани,

  Фирмата  CasaMia by DBD е основана во почетокот на 2014 година и започнува со работа истата  година во екслузивен изложбен/продажен салон во населба Карпош,Куманово на самата клучка на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка на површина од 1 500 м2 и располага со голем магацински простор над 15 000 м2 каде нашите клиенти може да изберат од широк спектрум на производи во секое време.

     CasaMia by DBD е ќерка фирма на друштво за производство,трговија и услуги ДБД Комерц,кое се занимава со трговија на големо на санитарија,керамички плочки,опрема за бањи,бои, лакови и целосни фасадни системи.

     Нашата фирма Ви нуди широк асортиман на високо квалитетна санитарија , керамички и гранитни плочки, батерии од реномирани фирми, лидери на светскиот пазар како што се: VITRA, ROCA, PAMESA, CASTELVETRO, RAC, LAUFEN, TURKUAZ, FAYANS, INKER, DOLPHIN Banyo, SBA pro, GPD, GROHE, MISTILLO. Кај нас може да најдете ексклузивни и уникатни колекции потпишани од познати дизајнери- Ross Lovegrove, Christophe Pillet, Matteo Thun + Partners, Noa / Vitra Design Team. Исто така располагаме со широка палета на бои и лакови, фасадни системи, гипс картони, молеро-ѕидарски алат од брендови како: MAXIMA, MAPEI, CERESIT, SINIAT,ER LAC, SMIRDEX, NIVETA, MC ALPINE, ATLAS.

    Ние гарантираме за квалитет и со наша сериозност и одговорна работа сигурни сме дека ќе го задоволиме секој ваш вкус и барање.

    Веруваме дека нашиот развој и проширување ќе продолжи и ќе резултира со отворање на нови салони низ Р.Македонија.

 

Со почит,

Тим на CasaMia by DBD